Општина Центар отстранува уште две дивоградби

пред 3 години

Општина Центар од вчера започна со отстранување на уште една дивоградба, доградба на прво и надградба на второ поткровје на постоечки објект на улица „Рајко Жинзифов“, спроти Градежниот факултет во Скопје.

„Откако сопственикот/инвеститорот по решение издадено од општината не ја отстранил незаконски изградената градба, Општина Центар пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците за отстранувањето на градбата во целост паѓаат на товар на сопственикот“, соопштија од Општината.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатите денови отстрани една незаконски изградена тераса во приземје на улица „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало и незаконски поставени паркинг блокатори на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Со акцијата на Општина Центар за отстранување на нелегално поставени или изградени објекти беа опфатени 18 незаконски градби на територија на општината.

Share
Scroll to Top