Градоначалничката Данела Арсовска денеска ги додели признанијата на Град Скопје за најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител за 2021 година.
„За своите заслуги во работењето, успехот и пожртвуваноста признанија добија Петруш Ѓорѓиевски, пожарникар спасител во територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Димитар Ристовски полициски службеник во полициската станица Кисела Вода и Илија Трајковски крводарител кој до неговата 62 годишна возраст дарувал крв 113 пати“, се наведува во соопштението на градските власти.