Досега самопопишани 143.755 граѓани од дијаспората

пред 4 години

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143.755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.

„Бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст“, велат од ДЗС.

Од таму ги повикуваат сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право.

Share
Scroll to Top