Државата ќе уплати аванс за набавка на вакцини против Ковид-19

пред 4 години

На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за склучување на Договор за преземени обврски помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за Ковид-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини протв коронавирусот. Како што информираат од владината прес-служба, на седницата прифатен е текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините. Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземни обврски со Глобалниот сојуз за вакцини. Во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата треба да се обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот Договор за преземени обврски со GAVI ALLIANCE .

Share
Scroll to Top