Државјанин на Турција натепан по сообраќајна несреќа во Прилеп

пред 3 години

Триесет и тригодишен државјанин на Турција (Ш.Ч.), со привремен престој во селото Канатларци, Прилепско, пријавил напад.

Според информациите од полицијата, тој вчера околу 12.30 часот на улицата Прилепски бранители, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top