ДУИ: Неуспешните пучисти на Левица, адвокатите на ВМРО-Таравари и Села се приклучија на антиалбанската кампања

пред 3 години

Додека Демократската Унија за Интеграција е силно посветена на унапредување на евроинтеграцискиот пат на земјата, негувањето и зајакнувањето на проевропските вредности за еднаквост, градење добрососедски односи и одржувањето на проевропската стратешка конзистентност. Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Арбен Таравари одлучи да стане бранител на ВМРО ДПМНЕ и нејзината суштинска антиалбанска кампања, е истакнато во писмената реакција од ДУИ.

„Неуспешните пучисти на Левица и ВМРО, преку клевети и популистичка демагогија се обидуваат да се маскираат и тоа без да им трепери веѓата, се здружија со доктрината на Левица, која прокламираше повлекување на признавањето на Косово, нивните и ставовите на ВМРО, против Охридскиот Рамковен Договор, против Преспанскиот договор, употребата на Албанскиот јазик, антиамериканските, анти-НАТО и анти-ЕУ ставовите. За континуираната поддршка на овие позиции на партиите од македонскиот опозициски блок, Алијансата на Села и Таравари ја доби заслужената казна од граѓаните, претрпувајќи драстичен пад на рејтингот со преполовување на бројот на гласови на последните локални избори“, наведуваат од оваа партија.

Додаваат дека граѓаните на државата, се целосно свесни дека земјата не треба да скршне од патот на интеграција во Европската Унија и партнерство со САД и дека веќе 20 години го поддржуваат Али Ахмети и ДУИ, како фактор кој решително гичува вредностите на европската демократија во нашата држава.

„Демократската Унија за Интеграција во секоја владејачка структура со конкретни проекти успеа да ги унапреди вредностите на рамноправноста, ги факторизираше Албанците во институциите на државата, имаше и продолжува да го има како приоритет квалитетниот живот на граѓаните во нашата држава. Овие достигнувања се неспорна реалност и неоснованите обвинувања на Алианса не можат да го замаглат и да ја минимизираат нивната тежина“, нагласуваат од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција, додаваат од таму, продолжува да бара ветинг во секоја судска инстанца и да бара осудување на секој случај со објективни докази, а не со неосновани медиумски објавувања и тоа за банален сензационализам.

Share
Scroll to Top