Евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток: група од Дубаи се очекува да допатува во Скопје

Евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток: група од Дубаи се очекува да допатува во Скопје

пред 18 часа

Првата група македонски граѓани кои треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје, информира премиерот Христијан Мицкоски.

„Првата група македонски граѓани која ќе биде евакуирана денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје. Организирани се чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и Кувајт. Очекувам во среда да заминат“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата на Блискиот исток.

Додаде и дека дел од државите во регионот замолиле и нивни граѓани да  бидат вратени со овие летови, и заклучи дека државата денес се наоѓа во поинаква позиција.

„Од некогаш слабата Влада во Македонија која коленичеше за да добие 5.000 вакцини, денеска сме фактор на стабилност и помагаме на државите во регионот. Тоа е разликата меѓу тие од СДСМ и ДУИ и оваа Влада која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно информираа дека е склучен договор со авиокомпанија за организирање комерцијални чартер-летови за евакуација на македонски државјани од земјите на Блискиот Исток.

Текстот Евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток: група од Дубаи се очекува да допатува во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top