Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството, велат од Правда

Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството, велат од Правда

пред 6 часа

Извештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди, соопшти Министерството за правда.

„Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди“, се наведува во соопштението.

За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Од таму велат дека особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија.

Текстот Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството, велат од Правда е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top