Синоќа во 00.15 часот на ул.„Втора Македонска бригада“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Скопје.
Тој бил баран со потерница поради сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“, од кои за две веќе му биле поднесени кривични пријави.
Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата за кои му биле поднесени кривични пријави.
Исто така, Ш.А. признал кражба во деловен објект на 10/11.03.2020, а документирана е и кражба на 16.02.2022 во фирма на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, за што исто така ќе бидат поднесени соодветни пријави.