Едногодишно дете од Битола со неколку хронични заболувања меѓу починатите од Ковид-19

пред 2 години

Во денешната ковид статистика во однос на починатите лица од регистарот, пријавено е дете на 1-годишна возраст починато на 29 ноември 2021.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола, информираат од Институтот за јавно здравје.

„Детето повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања: Остеохондродисплазија, Епилепсија, Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.

До денот на последната хоспитализација, детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15 до 24 ноември, кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид-19 е упатено во ИБЗД Козле“, се наведува во соопштението.

По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое било со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%, од ИБЗД Козле детето било префрлено на Клиниката за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување.

„Интензивниот мониторинг и лекување на детето, кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24 до 29 ноември, кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и реанимација, завршува со смртен исход“, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

Share
Scroll to Top