Експерти за пожари од Франција на терен кај Ласкарце

пред 3 години

Според најавите од ЦУК во земјава пристигнале експерти за високо ризични пожари од Франција.

Надлежните во Центарот нагласија дека со француските експерти имале конструктивна средба и излегле на терен кај Ласкарце општина Сарај, односно биле упатени на извидување од воздух па на договарање тактика и метод за дејство во ПП Бригада на Скопје.

„Ги однесовме на лице место од тло да го видат пожарот во село Ласкарци, а потоа веднаш по половина час им беше овозможено и од воздух да го разгледаат теренот, за потоа да се организира состанок во Противпожарната Бригада во Скопје, на кој што беа разгледани можности, како, кој методи и кој тактики да се преземат бидејќи пожарот е на исклучително стрмен терен“, потенцираат од Центарот за управување со кризи .

Според нив примарна цел е да се заштитат околните населби, за кои, како што велат засега нема опасност.

Share
Scroll to Top