Левицата: Државната „ЕСМ продажба“ да ја преземе лиценцата од „ЕВН хоум“

Етничките вработувања не престануваат – ДУИ ја приватизира Царината, велат од Левицата

пред 5 месеци

„Огромиот број предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува. Криминогеното владеачко дуо на СДС-ДУИ ги партизира сите пори на државниот апарат преку вработувања партиски послушници во институции од секаков тип: министерства, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено-поправни домови, основни училишта и градинки за да пробаат да го ублажат поразот на следните избори“, велат од Левицата.

„Се разбира согласно нелегалниот Рамковен договор овие вработувања не се водат по објективен мерит систем туку под етнички клуч, односно ДУИ како пар екселанс пример за картел партија ја користи позицијата на уценување за укотвување на своите партиски кадри, согласно тоа дури 40% огласи се за граѓани од Албанска припадност. Типичен пример за оваа рамковна тиранија е ситуацијата во Царинската управа каде што има нови 15 огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“за граѓани од Албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа“, додаваат оттаму.

Ја потсетуваат јавноста дека Левицата се залага за поништување на Охридскиот рамковен договор и вработувања по етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице во согласност со неговите квалификации, туку по етнички клуч, што воедно претставува и навреда за вработените што се вработени на овој начин – не според заслугите, туку според етничноста.

Текстот Етничките вработувања не престануваат – ДУИ ја приватизира Царината, велат од Левицата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top