Жител на Гази Баба дома чувал нелегален пиштол со отстранет сериски број

пред 3 години

Скопското основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

На 30 октомври, при претрес на домот на осомничениот на скопската улица „Методија Андонов Ченто“, кај него било пронајдено оружје – пиштол V.BERNADELLI GARDONE со калибар 7,65 милиметри и со механички отстранет сериски број, како и една рамка со седум куршуми.

За 30-годишниот осомничен, доставен е предлог за определување мерка притвор.

Share
Scroll to Top