Жител на селото Претор вчера паднал во безсознание и починал поради густиот чад од пожарот кој го предизвикал, палејќи гранки во својата бавча.
Како што информираат од МВР, во 17.57 часот било пријавено дека во близина на шумска куќа на јавното претпријатие „Национални шуми“, во атарот на село Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште.
Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л. (62) од Претор, а смрт констатирала екипа на итната медицинска помош.
По преземени мерки било констатирано дека 62-годишникот и неговата сопруга Н.Л. (56) запалиле гранки во нивна бавча на местото викано Крива нива, од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат.
По наредба на јавниот обвинител телото било предадено на обдукција.