Жител на Челопек пукал со автоматска пушка по расправија со соседот

пред 3 години

Во попладневнитге часови иа 29 ноември во тетовското село Челопек, полицијата го уапсила 24-годишниот М.М. од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихана.

Претходно, 24-годишникот по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на местото била пронајдена една чаура калибат 7,62 мм.

Тој бил приведен и задржан во полициската станица Тетово.

По целосното документирање на случајот на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

 

Share
Scroll to Top