Жител од с.Матка правел веселба и пукал со пиштол

пред 3 години

На 05.04.2021 околу 19 часот во с.Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од с.Матка.

При преглед кај него бил пронајден пиштол „Берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од Ковид-19.

По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.

Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од Ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од с.Матка, И.Ј.(56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од с.Србиново, гостиварско.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Share
Scroll to Top