Зависници од хероин фатени додека се дрогираат во куќа во Кичево

пред 3 години

Врз основа на судска наредба, кичевската полиција вчера извршила претрес во домот на 40-годишен кичевец со иницијали С.М, во кој живеела и 26-годишната Л.М.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени хероин, марихуана и прибор за користење дрога, а петмина кичевци – А.К.(26), С.Х.(25), С.З.(22), Р.Б.(27) и С.К.(28), биле затекнати при користење хероин.

Сите лица биле приведени и дрогата и приборот се одземени.

По целосно документирање на настанот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Share
Scroll to Top