Денеска ќе се одржат завршните зборови за настаните во Собранието, што се случија на 27 април 2017 година. Завршни зборови ќе даде обвинителката Вилма Русковска, а оние на одбраната се закажани за 6 и 12 јули.
„Главната расправа за предметот КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април во Собранието на РСМ на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките, ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот“, информираа од Кривичниот суд.
Во предметот обвиниети се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.