Загина пешак во тетовско Желино

пред 3 години

Вчера во 20.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Желино, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ф.(42) од ова село, управувано од лице кое го напуштило местото, удрило во пешакот З.С.(50), од истото село.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата. Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Сопственикот на возилото Д.Ф. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Share
Scroll to Top