Загина 26-годишен кумановец во сообраќајна несреќа

пред 5 години

Дваесет и шестгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа, што се случи ноќеска на ул.„Тоде Думба“ во Куманово.

Според информациите, до несреќата дошло кога автомобилот „пежо“, во кое се превезувале П.П.(26) и Н.С.(29), двајцата од Куманово, удрило во ограда и во паркирано возило.

На местото на несреќата починал П.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Н.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Share
Scroll to Top