Заев денеска ќе ја прими Меѓународната награда за мир на Вестфалија

пред 3 години

Денеска во 11 часот почнува церемонијата по повод врачувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, на премиерот Заев и на поранешниот премиер на Грција Ципрас.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, ќе биде доделена од страна на претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

„Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства. Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред церемонијата по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија“, напиша Заев.

Церемонијата може да се проследи во живо на „Фејсбук“ страницата на премиерот.

 

Share
Scroll to Top