Експлозија го предизвикала пожарот во ковид – центарот во Тетово во кој загинаа најмалку десет лица.
Премиерот, Зоран Заев, на „Фејсбук“ напиша дека борбата за живот трае сѐ уште.
„Огромна трагедија се случи во тетовскиот Ковид-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените“, напиша Заев.
Тој додава дека причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
„Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово“, напиша Заев.