Заев: Заедничката манифестација „По трагите на светите Кирил и Методиј“ на Словачка, Чешка и Северна Македонија е од огромно значење

пред 3 години

Заедничката организација на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ на Словачка, Чешка и Северна Македонија е вредност за споделување со сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, изјави премиерот, Зоран Заев.

Тој денеска имаше средба со амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, кој го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка.

Заев на средбата предложил, а од страна на гостите било прифатено како укажана чест, оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Северна Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30-годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

„Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја“, рече Заев.

Share
Scroll to Top