Заев и црногорскиот премиер се заложија за уште понагласена соработка

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер, Здравко Кривокапиќ.

Како што информираат од владината прес-служба, двајцата премиери ги потенцирале извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Северна Македонија.

„Соговорниците изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките“, се наведува во соопштението за средбата.

Се разговарало и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на владите и институциите, со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните.

Share
Scroll to Top