Заев, Османи и Бектеши од трибините ќе навиваат за македонската фудбалска репрезентација

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев, министерот заа надвореши работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши попладнево тргнаа за Букурешт каде од трибините ќе го следат првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на Фејзбук каде објави и фотографија од аеродромот пред тргнувањето.

Попладнево, со почеток во 18 часот, фудбалерите ќе играат со репрезентацијата на Австрија.

Share
Scroll to Top