ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ и Ковачевски прифаќаат диктати од Бугарија за промена на македонскиот Устав

пред 2 години

Од прв ден на владата на пиунот Ковачевски продолжија националните понижувања исто како да ја води Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партизана додавая дека Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула.

Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да и порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет, стои подоле во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, затоа мора да биде поразен на избори што поскоро.

Share
Scroll to Top