Заев: Радовиш е социјалдемократски град, многу е важно да се обединиме сите

пред 3 години

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш се сретна со граѓаните и со пензионерите, кои ги повика на 31 октомври обединети заедно да ја донесат победата, за најдоброто.

„ Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад е единствен, сега повторно е единствен, а во единството е и победата и силата и успехот и среќата, порача Заев и нагласи дека на 31 октомври Радовиш ќе победи.

Во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9%, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6.300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени, рече Заев, додавајќи дека предизвикот во наредните 4 години е економија, економски стандард, работни места, опции за младите да ги бираат работните места.

Проблемот со Грција, со Бугарија, законот за јазиците, сите одлуки за реформите што ги донесовме, сите беа за една цел, подобар економски стандард на граѓаните и за ништо друго. Тоа го викаме европеизација дома, да ја донесеме Европа дома и ние сме на вистинскиот пат, и затоа ќе победи прогресот, затоа што се друго е враќање во минатото, се друго е конзервативност, национализам, поделби, тоа не ни треба на нас, тоа не треба никому“, истакна Заев.

Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме, истакна Заев, додавајќи дека е тука е поддршката од коалицијата од ТДП, ТХП либералите.

Сите сме заедно, коалицијата е стабилна, јас верувам дека ќе можеме и овие денови пред изборите да објавиме кое е новото мнозинство, работиме на тоа, порача претседателот Заев.

Тој нагласи дека народот секој пат знаел да ја одигра историската улога и овој пат ќе ја одигра.

Се бориме за вистински вредности и сите заедно да застанеме и да се бориме, вие сте гаранција на иднината и на Радовиш и на Северна Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во Радовиш.

Share
Scroll to Top