Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

пред 4 години

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според информациите на МВР, вчера во 22.50 часот при извршена контрола на чајџилница на ул. „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирано е дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.

Објектот од страна на Државниот пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.И. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Share
Scroll to Top