За една недела „пајакот“ кренал 100 возила во Центар

За една недела „пајакот“ кренал 100 возила во Центар

пред 1 недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 25.08.2025 до 31.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Текстот За една недела „пајакот“ кренал 100 возила во Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top