Зекири: Промена на играта

пред 3 години

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири реагираше на социјалните мрежи откако еден од пратениците на Движењето Беса не дојде на денешната седница во Собранието.

„Game change“, напиша Зекири, што во превод значи „промена на играта“.

Кастриот Реџепи од Беса не се појави на закажаната седница за недоверба на Владата од 11 часот. Според неофицијални информации, тој не е ниту достапен на неговите телефони, со што ниту неговите колеги не можат да го искомуницираат.

Share
Scroll to Top