Претседателот на Украина, Володомир Зеленски упатил писмо до претседателот Стево Пендаровски, информираат од претседателскиот Кабинет.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што се наведува во соопштението, Зеленски во писмото најпрво се заблагодарил за поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, која Пендаровски ја изразил во писмо упатено во текот на мај годинава.
„Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина. Благодарни сме што Република Северна Македонија целосно се приклучи кон санкциите воведени од страна на Европската Унија кон Русија како земја-агресор“, пишува Зеленски во писмо.
Мојата срдечна благодарност кон Вам лично господине претседател и кон народот на Северна Македонија за поддршката на стратегијата за европска интеграција на Украина и доделувањето
Понатаму, Зеленски истакнува дека поддршката за кандидатски статус на Украина за пристапување во ЕУ, е од особено значење кога доаѓа од Северна Македонија, која веќе е земја-кандидат за членство во Унијата.
„Се надевам дека Северна Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок. Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки. Верувам дека Република Северна Македонија исто така ќе може успешно да напредува кон членството во ЕУ и еден ден нашите пријателски држави ќе се приклучат кон заедничкото европско семејство како полноправни членки на ЕУ“, посочува Зеленски во писмото.