Ковачевски во посета на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“: Голем интерес за македонските вина и храна

„Знаеме дека приоритет на Ковачевски му се винските средби, но сепак лидерските се важна работа, која не се договара преку медиуми“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 години

„СДС продолжува да се однесува незрело и неодговорно за крупни прашања за државата, но сепак благодариме за разбирањето што го имаат за агендата на претседателот Мицкоски“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Очекуваме да го потврдат Собранието како место за лидерската средба, како и форматот. Очекуваме сериозни одлуки на лидерската средба и нема да го коментираме лошиот и неинвентивен смисол на хумор на Центарот за комуникации на СДС, кој сепак не ја покрива потребата Ковачевски да биде концентрирано присутен еден час на лидерска средба.

Народот од нас очекува одлуки, а не расправи во стилот „теткински озборувања на пазар“ или веселби на вински фестивали, кои траат по неколку дена, чиј љубител е токму лидерот на СДС“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Знаеме дека приоритет на Ковачевски му се винските средби, но сепак лидерските се важна работа, која не се договара преку медиуми“, реагира ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share