Зоран Попоски е во финалето на уметничка награда во Италија

пред 3 години

Македонскиот уметник Зоран Попоски е финалист на наградата за уметност Арт Рајтс Прајс 2020 во Италија, во категоријата „видео арт“.

Жирито на наградата за уметност Арт Рајтс Прајс вклучува реномирани европски галеристи, колекционери, критичари, и директори на уметнички фестивали од Италија, Франција и Шпанија.

Делата на финалистите во пет уметнички категории ќе бидат презентирани на виртуелна 3Д изложба во периодот 16 декември 2020 до 30 јануари 2021 година.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 80 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Share
Scroll to Top