По пет месеци на функцијата директор на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), на Иван Илиевски му истече мандатот, соопштија од Град Скопје.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Оттука велат дека постапката за избор и именување на нов В.Д. Директор на ЈСП е во тек.
Во дописот на Град Скопје до медиумите се наведува дека на досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодарила за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие.
„Претпријатието го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените“, велат од Град Скопје и додаваат за преземените мерки на Илиевски со кои ја подобрил работата на ЈСП.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од друга страна, тврди дека Илиевски си поднел оставка.
„Наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје си поднесе оставка. Оставката на директорот на ЈСП Скопје е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци. Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност“, велат од СДСМ.
Илиевски на позицијата директор на ЈСП беше поставен на 13 декември