Извршен претрес во неколку стана во Скопје

пред 6 години

Скопското јавно обвинителство информира дека денеска бил извршен претрес на неколку стана во Скопје.

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти, информираат од оваа институција.

Додават дека претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот кој во јавноста е познат како „Плацеви на Водно“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот, велат од таму.
​
Инаку токму поради плацевите на Водно пред две недели во притвор беше спроведен бизнисменот Јордан Камчев кој е осомничен за кривичното дело „перење на пари”.

Во случајот „Плацеви на Водно”, покрај Никола Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Share
Scroll to Top