Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија

Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија

пред 2 години

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Ќерамидница, каде утрово при експлозија на направа во двор на куќа беше повредено едно лице.

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија, а по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор на објекти.

Подигнатите траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење.

МВР претходно објави дека утрово во дворот на Р. Т. била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата тој добил повреди по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош.

Штекли минатата година двапти беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен.

Текстот Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top