Извршниот комитет одлучи: ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Собранието на 10 мај

пред 2 години

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде согласност за предлогот на лидерот Христијан Мицкоски за активна блокада на Собранието.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по завршувањето на состанокот рече дека овој чекор е реакција на неодоворното однесување на власта.

„На седницата на Извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи кои што доаѓаат од СДСМ И ДУИ. Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај, а дотогаш власта има време да прифати лидерска средба на која ќе биде договорен датум за предвремени избори“, рече Николоски.

Блокадата, како што рече Николоски, ќе трае се’ до договор за парламентарни избори. Toj повика и на активизам од граѓаните. Седницата на Извршниот комитет на партијата продолжува, a вечерва ќе бидат донесени и други одлуки.

Мицкоски претходно вчера најави блокада на Собранието по 10 мај, откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба и за предвремени парламентарни избори.

Share
Scroll to Top