Товарно возило натоварено со бали слама изгорело вчера помеѓу селата Средно и Долно Коњари.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„На 3 јули во 14.42 часот во СВР Скопје, Р.С.(33) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, настанал пожар, при што изгореле сламата и возилото“, информираат од МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.