Изложба и уметнички презентации за наградата „Денес“

пред 2 години

За среда е најавено доделување на шеснаесетотто издание на наградата „Денес“ која се доделува за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)чка во Македонија до 35 години за исклучителна и истакната тековна уметничка практика која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување, како единствена награда во земјава од овој вид и означува двомесечен престој во Њујорк, САД.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Процесот на доделување на наградата „Денес“ во 2022 година се состои од два настани кои се случуваат во Национална галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“ и тоа:

22 јуни (среда), во 19 часот – Презентации на четворицата уметници – финалисти: Дарко Алексовски, Ивана Мирчевска, Кристина Пулејкова, Зоран Шеќеров.

23 јуни (четврток), во 20 часот – Изложба на четворицата уметници – финалисти: Дарко Алексовски, Ивана Мирчевска, Кристина Пулејкова, Зоран Шеќеров и церемонија за наградата.

Жири комисијата за XVI награда „Денес“ е составена од: Вивиана Ќеќиа (Лондон), кураторка и истражувачка, кураторка за резиденции и јавни програми во „Делфина фондацијата“, Лондон; Елена Чемерска (Скопје/ Берлин), уметничка и добитничка на наградата „Денес“ во 2021 година; Славчо Димитров (Скопје), истражувач, теоретичар, активист и куратор на „Скопje викенд на гордоста“, интердисциплинарен фестивал за квир уметности, култура и теорија; Нора Халими (Тетово), уметничка и професорка на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово и Лилиа Куделиа (Киев/ Далас), кураторка, историчарка на уметност и соработничка на Residency Unlimited (RU) во Њујорк.

Share
Scroll to Top