„Имаме верба“, вели мајката на исчезнатиот Мартин за грчки медиуми

пред 2 години

Веќе четврти ден продолжува потрагата на морското подрачје на Халкидики за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој се води како исчезнат од саботата попладне , од моментот кога заедно со своите пријатели од познатата плажа во Посеиди нурнале во морето и биле понесени од морските струи.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Грчките медиуми пишуваат дека малку по 9 часот, мајката на младиот човек од Северна Македонија, заедно со роднините, пристигнала во базата на волонтерскиот тим за пребарување и спасување OFKATH во Переа, Солун, со цел да се подготват и заедно да заминат за Халкидики.

Според информациите, мајката на момчето пристигнала од Америка на аеродромот во Солун вчера вечерта, со цел да учествува во потрагата по својот син.

Грчкиот медиум protothema.gr беше во базата за готовност и се сретна со мајката и роднините на 28-годишниот Мартин.

„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете. Имам голема вознемиреност и исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТH е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме вера“, изјавила мајката на младиот човек за protothema.gr.

Претседателот на организацијата Христос Рамос кажал дека денеска им помага и времето, а повторно ќе се користи подводен дрон.

„Почнуваме денес од штабот за да ја зајакнеме базата за подготвеност на Касандра. Денеска ни помага времето. Ќе го користиме подводниот Дрон. Денеска ќе се потрудиме затоа што утре повторно е лошо, ќе биде лошо. Со нас го имаме семејството и конзулот на Скопје и се надеваме на најдобро. Неговата мајка дојде од Америка со други роднини, од вчера е со нас, вчера отидовме и се видовме со Иван, тој е во добра здравствена состојба и ќе излезе денес. Нашите напори сега се на Мартин. Иван ни даде многу информации, ни ја даде точно ознаката, па ќе одиме конкретно на едно парче. Ако Бог сака да помогне, се ќе биде добро. Мора да завршиме денес“, изјавил тој за protothema.gr.

Share
Scroll to Top