Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

пред 3 години

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој порача дека граѓаните е важно да се вакцинираат бидејќи вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот. Филипче најави забрзан процес на вакцинација кон крајот на месецов.

Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот регистриран на 7. јуни.

Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата. Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети.

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Share
Scroll to Top