Инспекциските служби од синоќа работат со поголеми овластувања – затворен локал во Гостивар на лице место

пред 4 години

Од вчера стапија на сила новите измени и дополнувања на Законот за заштита на задравјето на населението од заразни болести. Со тоа и инспекциските служби добија нови овластувања при постапување со прекршителите на здравствените протоколи.

Државниот пазарен инспекторат синоќа во повеќе градови во државата извршил 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените протоколи.

„ При спроведените контроли во Гостивар ( 2 надзори и 50 контроли) во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ Јавор, констатирано е прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, за што ќе се преземат соодветни мерки. Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти. Во истиот момент кога се констатирани прекршувањата, ДПИ на лице место го затвори објектот, а изречена е и парична казна.

Најмногу контроли и надзори се спорведени во Скопје, односно 213 контолри и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи, потоа во Битола ( 9 надзори и 131 контроли), Штип (3 надзори и 83 контроли), Кавадарци (3 надзори и 63 контроли), Струмица (2 надзори и 50 контроли), останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга“ се наведува во извештајот на ДПИ.

Инаку, според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен. Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице.

Share
Scroll to Top