Исплатени 182,3 милиони денари за субвенции за задржано женско јаре и за сертифициран семенски материјал

пред 3 години

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 7.267 субјекти исплати близу 182,3 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплати на сточарите кои имаат задржано женско јаре и во тек на минатата година аплицирале и исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерката 2.10 „дополнителни директни плаќања за задржано женско јаре“. Со оваа исплата, средства добиваат и сите кои имаат аплицирано и правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на средства преку мерката 1.1 А „директни плаќања за производство на домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни или индустриски култури“.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека апликациите за субвенции се обработуваат со забрзана динамика се со цел земјоделците и сточарите да имаат доволно средства во ек на сезоната и пред почеток на есенската сеидба.

„ Паралелно со обработката на апликациите за субвенции тече и подготовката на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, или попознато како картички за „зелена нафта“. Со зелената нафта директно ќе се влијае врз намалуивање на производниот трошок што земјоделците го имаат при берба или подготовка на новата реколта“ појаснува Бачовски.

Политиката на неселективна исплата и поддршка на земјоделците продолжува. Средства за земјоделците има, грижата за агро – секторот останува приоритет на оваа Влада. Агенцијата, министерството за земјоделство и Владата ќе продолжат да креираат поволни мерки и политики за раст и развој на секторот земјоделство.

Share
Scroll to Top