Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 43-годишен жител на скопско Јурумлери, осомничен за неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При претрес во домот на осомничениот, на 20 јануари биле пронајдени 14,3 грама марихуана, како и 0,45 грама амфетамин и една дигитална вага со остатоци од канабис.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за осомничениот.