И покрај тоа што се’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат, истакна шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
Тој образложи дека комуникацијата се одвива на ниво на министерствата за надворешни работи на двете земји.
Според Османи, важно е што побрзо да се затвори прашањето и да не се остави комуникациски јаз.
Министерот додаде дека основа на разговорите останува предлогот даден за време на германското претседателство, кој е сличен со тој на португалскиот, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.




