И вработените во ФЗО најавуваат приклучување кон штрајкот на УПОЗ

И вработените во ФЗО најавуваат приклучување кон штрајкот на УПОЗ

пред 5 месеци

И вработените во Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека во петок ќе се приклучат на најавениот штрајк на УПОЗ.

Ниските плати се главната причина за предупредувачкиот протест најавен заедно со вработените од уште неколку државни институции кои исто така бараат повисоки плати.

Од УПОЗ пак предупредуваат дека Владата подготвува план со кој би се поништиле постигнатите договори и не би се исплатило предвиденото покачување на платите согласно најавеното зголемување на минималната плата.

Од УПОЗ велат дека вработените во Фондот за здравствено осигурување имаат најниски плати од сите органи на државната управа. Повисоките плати не се единственото барање на синдикатот.

Текстот И вработените во ФЗО најавуваат приклучување кон штрајкот на УПОЗ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top