Љупчо Николовски поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ.
„Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски“, се вели во писмената оставка на Николовски доставена до СДСМ.
Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да ги донесе финалните одлуки за новото париско раководство на партијата.