Кавадарчанка подигала пари од туѓа кредитна картичка

пред 5 години

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишна жена од Кавадарци поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

„На 11 номеври во продажен објект во Кавадарци, пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А.М. и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци, со што се стекнала со противправна имотна корист од 13.800 денари“, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top