Каевски: 15 милиони евра за субвенционирани оброци за 40.000 студенти

пред 3 години

 

СДСМ, заедно со Социјалдемократската младина креира и реализира мерки и политики за зголемување на студентскиот стандард и обезбедување на подобри услови за живот на младите во државата, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Во таа насока се и измените и дополнувања на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија.

Каевски образложи дека мерката опфаќа околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметката ќе добијат средства за субвенционирани оброци.

„Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците. Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец. Со ова се олеснува секојдневието на студентите, ќе се подобри студентскиот стандард, ќе се зголеми нивната финансиска стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење“, рече Каевски.

СДСМ останува посветен на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на животот на младите, создаваме подобри услови за сите млади во нашата земја.

Share
Scroll to Top