Казнети несовесни возачи во Скопје, 20 возеле пребрзо, 19 без возачка

пред 3 години

Полицијата во текот на вчерашниот ден (21. март) спровела засилени сообраќајни контроли на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење со брзина поголема од дозволената 20 санкции и 19 за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, една санкција за управување под дејство на алкохол, како и 26 за непрописно паркирани возила.

Од ресороното министерство посочуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top